Лидерите на Европската Унија ги подржаа плановите за намалување на јаглеродните емисии на нето-нула до 2050 година, со исклучок на Полска која е многу зависна од јагленот. По маратонските разговори во Брисел, лидерите на земјите членки на ЕУ, се согласија да се заложат за неутрализирање на јаглеродот до 2050 година.
„Постигнавме договор за климатските промени, многу е важно, клучно беше Европа да покаже силна амбиција“, вели претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.
Ова е прв самит откако претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, го претстави Европскиот зелен договор – план за целосно преиспитување на економијата на ЕУ и постигнување на климатска неутралност до средината на векот.
Целта до 2050 година е клучна заложба на Парискиот договор за климатски промени од 2015 година. Со цел тој да се исполни, земјите членки на ЕУ мораат да ги намалат емисиите на јаглерод создадени од фосилните горива, и да најдат начин да ги неутрализираат преостанатите емисии.
Полска, која 80% од својата енергија ја добива преку јагленот, се спротистави на планот за време на интензивната дебата, а на крајот беше изоставена од обврската.
Полскиот министер Матеус Моравиецки најави дека обезбедил исклучок од договорот климатска неутралност, но изјави дека ЕУ понудила дарежливи фондови за регионите кои ќе бидат „најпогодени“ од ваквата одлука.