Компанијата „Еуромакс Ресоурцес“, концесионерот за изградба на рудникот Иловица – Штука ги повика правните лица во струмичкиот регион да се пријават за проектот најдоцна до 12 декември.
Во оваа фаза, „Еуромакс Ресоурцес“ ќе врши регистрација на потенцијалните компании со кои ќе соработува во реализацијата на идните активности за развој на рудникот.
Во следната фаза ќе се премине кон тендерски процес на селекција на компаниите, започнувајќи со претквалфикација и селекција на соодветните компании.
Во меѓувреме, активисти спроведуваат средби со жители и јавни расправи како отпор кон изградбата на „рудникот на смртта“.
„Отворањето на потенцијалниот рудник на смртта Иловица-Штука ќе значи смрт на целиот Струмички Регион. Целосно загадување на подземните и надземните води, почвата, воздухот. Директно уништување на над 1500 ха шуми, смрт за голем број животински и растителни видови, дел од нив ендемски за ова подрачје. Уништување на најмалку 9 античко македонски археолошки локалитети (во склоп на концесискиот простор). Уништување на севкупното земјоделско производство- никој не би сакал да купи токсична храна од загадено подрачје. Отворањето на овој рудник ќе значи развој на тешки и неизлечиви болести кај локалното население – разни видови на канцер, леукемија, белодробни заболувања… “, е непроменливиот став на активистите.
За сабота, „Здрава Котлина“ најави блокада во Струмица.
„Време е сами да се заштитиме од опасноста, во рамките на заедничка генерална акција под мотото Сите против рудникот на смртаа“, порачаа од иницијативата.
Блокади и граѓанска непослушност ако Владата дозволи изградба на рудникот Иловица Штука