Европа ги засилува мерките за безбедност на фестивалите поради терористичките напади

2016 година се покажа како тешка година, бидејќи светот се соочува со невиден број терористички напади. Ноќните клубови и фестивали, кои некогаш се сметаа за безбедна зона, сега се можна мета на напади. Инцидентите како пукањата во ноќниот клуб Пулс или неодамнешните самоубиствени бомбашки напади на германскиот музички фестивал покажаа дека тие можат да се случат на секое место. Овие напади ги принудуваат организаторите сериозно да почнат да разгледауваат нови сценарија при организирање на нивните настани.

Некои од фестивалите во Европа значително ги интензивираа своите безбедносни мерки во обид да ги спречат напаѓачите. Иако ова не е решение што ќе го реши проблемот, сепак се покажа како неопходен чекор. Познатиот метал фестивал во Германија „Wacken Open Air“ презема неколку смели чекори и ги забрани сите видови на торби и ранци во фестивалската зона. Слични мерки се највени за претстојниот „Oktoberfest“, во Минхен.

Уште еден фестивал во Австрија, „Lake Festival“, каде настапуваат ѕвезди како Alesso, Snake и Martin Garrix, исто така забранија носење големи ранци и торби, а најавија и зголемување на бројот на чувари и медицинскиот персонал.

Белгискиот фестивал „Rock Werchter“ побара зголемено присуството на полицијата на нивната територија, затоа што земјата се уште е во состојба на готовност по неодамнешните напади на аеродромите. Иако овде не е забрането носење торби,  се најавува присуство на обучени кучиња, а ќе бидат инсталирани и 50 врати со метални детектори за скенирање на посетителите додека тие влегуваат .

Извор: МиксмагАдриа