До 70 отсто треба да се зголеми уделот на отпадот за рециклирање во Европа до 2030 година.
Вака гласи предлогот од европарламентот, која ќе треба да преговара со Советот на министрите. Во моментов, овој удел во Европа е 44 отсто. Европратениците сакаат и уделот на отстранување на ѓубрето да се ограничи до 5 отсто заради негативното влијание врз животната средина. Исто така има предлог отпадот од храна да се намали за половина, или со 50 отсто, објави Екологист.
Според статистиката за 2014 година, 44 отсто од општинскиот отпад во ЕУ се рециклира, а до 2020 година во земјите од ЕУ треба да се рециклира над 50 отсто од отпадот.
До 2030 година најмалку 70 отсто од тежината на домашниот отпад и од малите претпријатија треба да бидат рециклирани или подготвени за рециклирање односно проверени и исчистени.
Отпадот од храна во ЕУ се проценува на околу 89 милиони тони или 180 килограми по човек годишно. Европратениците препорачуваат овој отпад да се намали за 30 отсто до 2025 година и со 50 отсто до 2030 година во споредба со 2014 година.