Од денес, па до 17-ти декември за првпат се одржува „Европската филмска недела“ во Младинскиот културен центар, а во организација на Europe House.
Програмата содржи проекции на европски филмови, наградени или избрани на A-листата на фестивалите во Санденс, Кан, Венеција, Торонто, Карлови Вари, Сан Себастијан и други. Изборот на филмовите е во соработка со Европскиот филмски фестивал и домашните филмски фестивали.
Во рамките на програмата организирани се и дебати на теми кои се третирани во филмовите, а се однесуваат на важни културни, социо-економски и воопшто општествени прашања.
Со поддршка на Europe House Крива Паланка и Струмица, „Европската филмска недела“ ќе продолжи и во именуваните градови во текот на наредната година.
Целосната програма на филмската недела е достапна на следниов ЛИНК.