Европската комисија (ЕК) им забрани на вработените да ја користи кинеската апликација ТикТок од безбедносни причини, што е најнов пример за растечките тензии помеѓу Пекинг и Западот, пренесува Данас.
Западните влади се вознемирени од доказите дека кинеските технолошки компании и помагаат на Комунистичката партија и нејзините разузнавачки служби да собираат огромни количини податоци ширум светот – со посебен фокус на високи политички и безбедносни цели.
Висок функционер за Политико изјави дека во утрово на неговиот персонал му било наредено да го отстрани ТикТок од нивните службени уреди, но и од нивните лични уреди доколку имаат инсталирани апликации поврзани со работата на нив.
Вработените мора да ги избришат деловните апликации од нивните лични уреди доколку инсистираат да ја задржат апликацијата ТикТок.
Другите институции на Европската Унија, вклучително и Советот и Парламентот, веројатно ќе го следат примерот во забраната на кинеската апликација, иако може да потрае многу подолго за Европскиот парламент да спроведе таква политика.
Забраната најверојатно ќе биде јавно објавена на редовниот брифинг на Комисијата. Соединетите Американски Држави веќе го забранија ТикТок на многу владини уреди, додека Холандија размислува за забрана.
Американскиот Сенат гласаше за забрана на „TikTok“ на уредите во државна сопственост