Во пресрет на Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА и тековната Европска недела на тестирање за ХИВ, од ХОПС посочуваат дека е одличен повод за бесплатен ХИВ тест.
Во младинските центри „Сакам да знам“ на ХОПС, кои се наоѓаат на Водно и во Шуто Оризари, заинтересираните можат да направат ХИВ-тест бесплатно и доверливо.
„Сите имаме ХИВ-статус. Го знаеш ли својот? Затоа што за ХИВ денес, важно е да се открие навреме. Денес, со ХИВ може да се живее долго, квалитетно, може да се има секс без ризик од пренесување. “, велат од ХОПС.