Извршната власт на Европската Унија ја тужеше Унгарија пред највисокиот суд на ЕУ поради рестриктивниот закон за ЛГБТ прашањата и слободата на медиумите.
Европската Унија веќе една година се обидува да ја натера Унгарија да го промени законот со кој се забрануваат содржини „кои прикажуваат или промовираат хомосексуалност“. Од Европската комисија велат дека законот „ги дискриминира луѓето врз основа на нивната сексуална ориентација и родов идентитет“.
Ова е последниот потег во долгата политичка битка во која Брисел го доживува премиерот Виктор Орбан како некој кој намерно отстапува од темелите на западната демократија, додека Унгарија ја гледа Европската комисија како тело кое прекумерно се меша во домашната политика и наметнува морални стандарди за кои смета дека се премногу либерални.
Унгарската десничарска владејачка партија минатата година забрани прикажување на хомосексуализмот или промена на полот во медиумите чија целна група се малолетници.
Истовремено, комисијата подолго време ги критикуваше ограничувањата на слободата на медиумите и денеска ја тужеше Унгарија пред Европскиот суд за правдата, бидејќи смета дека затворила радио станица затоа што одбила да се усогласи со владината пропаганда.
Комерцијалното радио „Клубрадио“ кое беше згасна пред повеќе од една година, беше едно од последните радио станици во Унгарија каде гостуваа опозициони политичари и други критички гласови за време на вестите и дебатите на радиото.
Критичарите на владата велат дека либералниот став на радио станицата доведе до дискриминаторска одлука на државниот медиумски регулатор кога одбил да ја обнови дозволата за емитување на радиото.