Делегацијата на Европската Унија, во соработка со Здружението на преведувачи ЗПРМ објави Конкурс за најдобар млад преведувач „Вавилон“.
Целта на Конкурсот за најдобар млад преведувач е да ги поттикне и да ги поддржи младите преведувачи, како и да поттикне врвен квалитет при преведувањето литературни дела од европските јазици на јазиците што се зборуваат во земјава.
Натпреварот е отворен за млади преведувачи, не постари од 26 години, и сите апликации треба да бидат со преводи (или извадоци) од литературни дела објавени на било кој од 24-те официјални јазици на Европската Унија.
Помеѓу наградите ќе се најде и парична награда од 500 евра, годишно членство во Здружението на преведувачи МАТА и публикација на преводот во магазинот „Културен живот“.
Повеќе информации за критериумите во конкурсот на следниот линк.