Со изложбата „ПОРТАЛИ 2021“, во Галеријата на КИЦ, Музеј на Град Скопје и Град Скопје, која ќе се одржи утре во Културно Информативен Центар-КИЦ, започнува манифестацијата Европски ден за уметничка креативност од проектот CreArt (Network of Cities for Artistic Creation). Од 2017 година, Град Скопје стана еден од 11 вмрежени градови од Европа.
Изложбата ќе биде отворена во 19 часот.
„Оваа изложба нема за цел да понуди комплетен историски пресек на македонската илустрација туку да презентира неколку генерациски различни македонски автор(к)и кои негуваат специфичен ликовен израз. Преку делата на Ботев Атанас, Благојевиќ Владимир, Велковски Филип, Димитриевски Михајло, Николова Јасна и Симоска Сања, откриваме само мал дел од богатството на млади автори кое во моментот активно се занимаваат со оваа уметничка гранка. Било да се работи за стрип, арт концепт за видео игри, детска илустрација или графички дизајн, заедничко за сите нив е огромната љубов и посветеност кон оваа исклучително тешка ликовна дисциплина“, велат организаторите.