Здружението на филмски продуценти на Македонија МЗФП Скопје од денеска до 19 ноември ќе бидат прикажани три европски филмови во четири градови во Македонија.
Во Неготино, Гостивар, Радовиш и Струга во два, односно три дена ќе бидат прикажани следните филмови:
– „Младешка самотија“ – француски документарен филм, во режија на Клер Симон, 2018 година;
– „Крај мене“ – романски игран филм во режија на Теди Некула, 2017 година;
– „Стрикер (натрапник)’’ – швајцарски игран филм во режија на Питер Луизи, 2017 година
„Преку овој проект сакаме да и презентираме на младата публика филмови кои се различни од холивудските и да ги запознаеме со културните вредности од европските земји, но и да им ја доближиме европската кинематографија“, се вели во соопштението.