Eвропски филмови на „Кафе кино“ од 6 до 16 јули

Со комедијата „Добредојдовте во Германија“ на Симон Верховен од 2016 година, вечерва од 21 часот во Сули ан ќе биде отворено 11-дневното „Кафе кино“ кое е дел од програмата на фестивалот „Скопско лето“.

Вториот ден од викендот (7 јули) ќе биде прикажана спортската комедија од Швајцарија „Стрикер (Гол натрапник)“. Проекциите ќе продолжат до 16 јули, секоја вечер од 21 часот.

Покрај овие две проекции на „Кафе кино“ годинава се уште девет понови европски филмски наслови: италијанската комедија „Хотел Гагарин“ (8 јули); швајцарскиот документарец „Хотел Југославија“ (9 јули); семејната драма од Италија „Море од жито“ (10 јули); шпанско-француската хорор-комедија „Убивајќи го Бога“ (11 јули); унгарската фантастична романтична комедија „Лиза – лисицата самовила“ (12 јули); од Унгарија е и историската авантура „Кинцсем – обложи се на одмазда“ (13 јули); данската комедија „Кариран нинџа“ (14 јули); италијанската авантура „По стапките на мојот татко“ (15 јули) и  германско-италијанската авантуристичка драма „Планинско чудо“ (16 јули).

 

Влезницата за секој филм е 100 денари. Повеќе информации за програмата и филмовите може да најдете на следниов ЛИНК.