Културниот центар „Ново Милошево“ од Србија ги повикува поетите од сите европски земји да учествуват во четвртиот Европски поетски Фејсбук фестивал, кој ќе се одржи на 2 и 3 март во Нови Сад.
Со оваа манифестација, која ќе се одржи во рамките на новосадскиот Саем на книгата, органозаторите сакаат да покажат дека поезијата е универзална творба на човечкиот дух која не признава граници и бариери меѓу поетите, нациите, државите и јазиците. Целта е поетите кои меѓу себе соработуваат на Фејсбук (објавуваат, читаат и коментираат), на фестивалот да се слушнат додека рецитираат и да ја претворат виртуелната комуникација околу книжевноста, во реална. Поетите кои нема да бидат во можност да дојдат на фестивалот ќе можат да објавуваат свои песни на неговата официјална Фејсбук-страница.
Сите кои сакаат да се пријават треба да испратат една необјавена песна на нивниот мајчин јазик и лични податоци (име, презиме, адреса, телефон) до 14 февруари 2013 на адресата fejsbukfestival@gmail.com.
Песните пратени на фестивалот ќе бидат издадени во посебен зборник, како ЦД-издание. Специјално жири ќе ја одбере и најдобрата песна, а на авторот како награда ќе му биде издадена поетска збирка. Право на учество на фестивалот имаат сите автори, без никакво старосно, верско, полово или национално ограничување. Фестивалот ќе биде пренесуван со видео – стрим на страницата www.bkc.devbin.org. Минатата година на овој фестивал се пријавиле 350 поети од 20 земји од светот, а 150 од нив лично се појавиле во Нови Сад.