Во 2021 година, 72% од интернет корисниците во Европската Унија на возраст од 16 до 74 години читале онлајн вести, весници или списанија, што е зголемување за 2 процентни поени во споредба со 2016 година, покажуваат податоците на Евростат.
На инфографикот на Евростат може да се забележи и дека ист процент од 72% ѝ припаѓа и на Северна Македонија.
Меѓу земјите-членки на ЕУ, најголем е процентот во Финска – 93%, Литванија и Чешка со 92%, Хрватска и Грција со 90%, додека најмала употреба е забележана во Романија – 59%, Германија – 62% и Франција 63%.
Во споредба со 2016 година, употребата на интернет за читање онлајн вести се зголемила повеќе кај жените, отколку кај мажите. Но, според Евростат, мажите генерално го користеле интернетот за читање вести почесто од жените, односно 74 отсто во споредба со 71 отсто.
Читањето вести онлајн било најпопуларно за лицата на возраст од 25 до 54 години, односно 75 отсто, соопшти Евростат.