И штипските студенти ќе добијат можност да бидат дел од трибината насловена „Евтини студентски приказни“. Во четврток (30-ти мај), Младински образовен форум (МОФ) ги поканува сите заинтересирани на заедничка дискусија за состојбите со студентското организирање на петтата по ред ваква трибина. Настанот ќе се одржи хотелот Оаза – Штип со почеток во 13:00 часот .
На „Евтини студентски приказни” ќе се дискутира за моменталната состојба во студентското организирање на УГД, но ќе бидат разгледани и можностите за негово унапредување на истото. Како панелисти на трибината ќе говорат Мартин Алексоски (МОФ), претставник од Фондација за развој на локалната заедница (ФРЛЗ) – Штип, претставник од СПУГД и претставник од студентски медиум.
Истовремено сите присутни ќе може да се приклучат на дискусијата и да ги образложат своите ставови, мислења и искуства на темата. На настанот ќе биде прикажан и првиот документарен филм за студентското организирање во Македонија со наслов „Студентите за плурализам“.