Од денеска (20 јуни) програмата на Радио МОФ се збогатува со нова дневна емисија: „Extended Play“ низ која ќе ве води искусниот новинар и радио водител Златко Манчевски. Емисијата ќе се емитува секој понеделник и четврток, од 13.00 до 16.00 часот.
Концептот предвидува динамична емисија со актуелни информации од културата, музиката, филмот и урбаните теми. Во емисијата ќе има интересни гости, а слушателите ќе можат да се вклучат во дискусијата преку социјалните мрежи (Фејсбук/Твитер). Во првото издание на емисијата гостуваат дел од организаторите на фестивалот „Македокс“.
Златко Манчевски е поранешен новинар на повеќе национални телевизии, радија и интернет-портали, а неговата емисија „Планета 7“ на телевизија Телма беше меѓу првите емисии посветени на филмската уметност во Македонија.