Отсега, апликацијата овозможува да се избере роднина или пријател кој ќе може да контролира одредени аспекти од профилот во случај на смрт.
Facebook може да го избриши профилот откако корисникот ќе почине. Наследникот нема да може да ги гледа приватните пораки, туку ќе може да ги гледа објавите на профилот, да ги прифаќа понудите за пријателство или да ја промени профилната или насловната фотографија. Ако корисникот сака, може да му дозволи на наследникот да симнува фотографии и објави.
Прво што треба да се направи е да се отвори менито на стрелката од десната страна каде се избира „Settings“.
Потоа, се отвора прозорец каде од левата страна се избира „Security Settings“ каде се наоѓа опцијата „Legacy Contact“. Овде може да се избере кој би го наследил профилот по смртта. Но, наследникот не може да промени веќе поставени објави или фотографии на профилот.
Новата опција на Facebook веќе предизвика контроверзии откако се појавија сомнежи дека апликацијата не го бриши профилот по смртта, иако подоцна се покажа спротивното.