Неофицијално, гигантската компанија Facebook планира да создаде свој сервис за стриминг на музика, покрај новата програма за видео пренос.
Според веб сајтот за музика и технологија Music Ally, Facebook планира да ја прошири програмата со која видеата што се прикачени на платформата ќе можат да се гледаат само на неа, така што сличното ќе го направи и со музиката.
Според овој медиум, плановите за стриминг на музика и видео напредуваат и се очекува да функционираат во следните неколку месеци, слично како што функционира и YouTube. Сепак, поради се уште незавршен бизнис модел, сервисот за стриминг ќе почека, пишуваат медиумите.