Facebook ќе додаде нови „news feeds“ и за прв пат корисниците ќе можат да прелистуваат повеќе од нив во исто време.
Социјалната мрежа ќе го задржи својот постоечки и традиционален feed, кој го сочинува комбинација од настани, слики и линкови за кои Facebook смета дека корисниците би биле заинтересирани. Но, ќе додаде и нови, кои автоматски ќе ја сортираат содржината во категории.
Освен вообичаениот feed, Facebook ќе има секундарни како „патување“, „стил“, „наслови“ и „повеќе“, според корисници кои веќе ја пробале новата алатка.
Facebook is adding customizable interest-based feeds. A newspaper made up of all the world’s newspapers. pic.twitter.com/Ll7pib6Mb5
— Jason Stein (@jasonwstein) December 29, 2015
Новата можност ќе им овозможува на луѓето да пребаруваат одредена содржина, наместо да бараат низ комбинација од сé што било објавено од нивните пријатели и страниците кои ги „следат“.
Алатката во моментов се тестира. Веб страницата сака да овозможи ограничен број на корисници да ја пробаат, и да пресудат дали би била популарна.
Facebook тестира и нова алатка за онлајн купување, која им овозможува на луѓето да купуваат нешта кога ќе ги видат на социјалната мрежа, без воопшто да ја напуштат апликацијата.
Извор: Independent