Најмоќната социјална мрежа во светот – Facebook најави седум големи промени кои ги очекуваат корисниците во иднина. Компанијата објави дека промените се наменети за подобра комуникација со луѓето и бизнис корисниците.
Сопственикот Mark Zuckerberg и неговите директори ги презентираа промените на конференција посветена на развојот на компанијата, па според она што го соопштија, ова се промените:
Прво, Facebook наскоро ќе почне да поддржува и промовира видео снимено во 360 степени (ист принцип користи и Google Street View).
Второ, подобро следење на онлајн купувањето и подобра комуникација со компании преку Messenger. Оваа опција ќе овозможи подобро да се информираат луѓето за работите што ги купиле на интернет, а компанијата директно во сандачето ќе испрати информации за купените работи.
Трето, употреба на други апликации во рамките на Messenger. Наскоро, корисните ќе бидат во можност да отворат преку Messenger и други апликации, како што е апликацијата Giphy за правење GIF и да го испрати во пораката. Претходно, мораше прво да се затвори апликацијата, да се отвори Giphy, да се направи GIF и тогаш да се копира во пораката. David Marcus, шеф на оделот за Messenger во Фејсбук вели дека GIF е одлична работа која го прави светот подобро место за живеење.
Потоа, видеата кои се постираат на Facebook ќе можат да се ембедираат на други локации онлајн. Претходно, кога се поставуваше видео на Facebook, тоа можеше да се преземе ако се кликне на линкот. Ова претставува уште еден начин да се привлечат корисниците од You Tube на Facebook.
Следно, ако коментирате на некое друго место додека сте онлајн, ќе се појави и на Facebook. Следниот пат кога некој ќе коментира за нешто под статијата која ја прочитал, тоа автоматски ќе се појави и под приказната објавена на Facebook. Оваа промена служи за медиумските компании да постогнат поголема интеракција со содржините кои ги објавуваат.
Компанијата исто така најави дека нејзините дизајнери наоѓаат начин да направат програми кои ќе бидат во можност да контролираат сè, од вратата на гаражата, до уредот за наводнување на цвеќиња.
Последно, програмерите ќе добијат аналитички резултати за успешноста на својата компанија. Бесплатниот мониторинг панел ќе биде наменет за програмерите, кои со негова помош ќе имаат увид во интеракцијата помеѓу корисниците и од каде тие доаѓаат на сите уреди.