„Фајзер“ и „БиоНтек“ изјавија дека според досегашните податоци потребна е трета ревакцинација со нивната вакцина против КОВИД-19 за да се постигне поголема имунизација, пренесува „Еуроњус“
Преку соопштение од компаниите истакнале дека ефектот на вакцината се намалува после шест месеци по вакцинацијата. Ова се резултатите кои се добиени од Министерството за здравство во Израел.
Досегашните податоци од севкупните тестирања покажуваат дека трета доза од вакцината која би се давала по шест месеци од втората доза, предизвикува поголем имунитет од различните соеви на КОВИД-19.
Во план е барање за авторизација на трета доза од вакцината.
Досегашните тестирања покажуваат дека вакцината спречува тешки боледувања од сите досегашни познати соеви на КОВИД-19.
Инстражување од францускиот институт „Пастер“ сугерира дека луѓето се во поголем дел заштитени од делта варијантата на КОВИД-19 по две дози од вакцината „Фајзер“.
Но „Фајзер3 и „БиоНтек“ работат на нова верзија од вакцината за заштита од високозаразниот делта сој, кој првично беше регистиран во Индија.
„Првата количина од мРНА вакцината наменета за тестирање е веќе изработена. Компаниите се дел од клиничките истражувања кои ќе започнат во Август“, стоело во соопштението на компаниите.