Цената на храната се зголеми и во април, односно 11-ти месец по ред, достигнувајќи го највисокото ниво од мај 2014 година, објави денеска Агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Индексот на цените на прехрамбените производи на ФАО која ги мери месечните промени во потрошувачката кошница која е составена од житарици, млечни производи, месо, шеќер и слично, минатиот месец се искачи на просечни 120.9 поени, поттикнато од зголемувањето на цената на шеќерот.
Агенцијата во новиот извештај исто така наведе дека новите прогнози упатуваат на раст на светското производство на пченица и пченка во наредната сезона.
Цената на житните култури на месечно ниво пораснаа за 1.2 отсто во април, и 26 отсто на годишно ниво.
Поради загриженоста за родот во Аргентина, Бразил и САД, цената на пченката се зголемија за 5.7 отсто минатиот месец, додека цената на пченицата беше главно стабилна. Спротивно на тоа, според ФАО, цената на оризот на светско ниво се намали.