Амбасадорот на Шведска во Босна и Херцеговија, Андерс Хајделберг, најави дека во наредните денови, фасадата на зградата на амбасадата во Сараево ќе биде осветлена со различна боја, во зависност од загаденоста на воздухот.
Ова е дел од кампањата ,,Да зборуваме за воздухот“, која се спроведува со поддршка на шведската Влада.
Темно сивата и виолетовата ќе значат дека загаденоста на воздухот е опасна по здравје, портокаловата дека нивото на загаденост е опасно за децата и чувствителните луѓе, јако црвена е алармантно, жолта нешто поприфатливо, и зелената боја ќе означува нормално ниво под максимално дозволеното.
Шведскиот амбасадор вели дека кога првпат дошол во Сараево, бил шокиран колку е опасно загадено, всушност дека луѓето дишат смртоносен воздух.
Според СЗО, на 100.000 жители во Б и Х секоја година од загаденост на воздух и болести на респираторните органи предизвикани од тоа, умираат 223 луѓе, но овој проблем не е приоритет за решавање на ниту една влада.