Центар за трансфер на технологии и иновации (ИНОФЕИТ) ќе биде отворен денеска на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ).
“Центарот е замислен како место за интеракција помеѓу кадарот на ФЕИТ, студентите на ФЕИТ и индустриските партнери што треба да овозможи конекции и трансфер на технологии и нови иновативни идеи што треба да го помогнат економскиот раст на секторот и општеството во целина”, велат од ФЕИТ.