Компанијата „Фејсбук“ се оддалечи од својата политика да не ги проверува информациите кои ги објавуваат политичарите со цел да се спречи ширењето на штетни дезинформации во врска со вирусот COVID-19, со тоа што го отстранила стримот во живо на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро. Компанијата одлучила да го отстрани видеото на Болсонаро објавено во неделата во кое тој вели дека хидроксихлорофинот функционира насекаде, без разлика што овој лек сѐ уште се испитува за да се види колку е ефективен во справување со коронавирусот. Дејството на лекот сѐ уште не е потврдено од научниците и здравствените работници.
„Ние ги отстрануваме содржините на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ кои не ги почитуваат стандардите на заедницата, според кои не се дозволуваат дезинформации кои може да направат физичка штета“, изјавил портпарол на „Фејзбук“ за „ТехКранч“. Компанијата одлучно забранува лажни тврдења во врска со лекување, терапии и пристапност до есенцијално важни сервиси, како и локации и интензивност на заразеност.
За отстранувањето на видеото први известиле „ББЦ Бразил“. Во видеото, Болсонаро разговарал со уличен продавач и тврдел дека сите во Бразил сакаат да работат наспроти препораките на Светската здравствена организација според кои треба да се воведе социјално дистанцирање. Тој додал дека лекот, хидроксихлорофин, функционирал насекаде.
Доколку луѓето би поверувале дека постои високо ефективна терапија за COVID-19, тогаш тие не би да ги слушале препораките за седење дома, одење на работа и самоизолација. Тоа би предизвикало вирусот да се шири многу брзо, наспроти трудот да се намали пандемијата и да се пополнат мединцинските капацитети.
Поради овие причини, „Твитер“ исто така ги отстранил твитовите на Болсонаро, со цел да се запре дистрибуцијата на дезинформации. Но се досега, „Фејзбук“ одбегнувал да ја проверува вистинитоста на политичките објави.
Сепак, минатата недела, „Фејсбук“ известил дека дезинформациите во врска со коронавирусот кои можат да допринесат за физичка штета, би биле отстранети, додека поситните теории на заговор кои не можат да предизвикаат физичка штета би биле испратени на проверка на факти.
Останува отворено прашањето дали „Фејсбук“ ќе го употреби ова за објавите на Трамп, кој е критикуван поради ширење на дезинформации за сериозноста на вирусот, потенцијалните третмани и можноста работниците да се вратат на работа.
Извор: TechCrunch
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.