Фејсбук профилите се познати по тоа што се постојана мета на хакери, поради нивните слаби лозинки, или поради онлајн измами.
За корисниците да се чувствуваат посигурни, социјалната мрежа соопшти дека наскоро ќе започне со испраќање на известувања на секој чиј профил е загрозен од страна на владата, или ако Фејсбук се сомнева дека некој се обидува да го шпионира.
Во објава на нивниот блог, компанијата вели дека сигурноста на нивните корисници е најважна.
„Отсекогаш правевме чекори за да ги осигураме профилите за кои веруваме дека се компромитирани, овој пат решивме да прикажеме дополнително предупредување ако има сериозно сомневање дека одреден хакерски напад е по волја на власта. Го правиме ова, бидејќи ваквите напади претендираат да бидат понапредни и повеќе опасни од останатите и ние ги охрабруваме засегнатите луѓе да ги преземат сите неопходни акции за да ги обезбедат нивните онлајн профили“, стои во блогот на компанијата.
Меѓутоа, Фејсбук нагласува дека овие известувања не значат дека целата веб-страница е загрозена.