Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека ќе почне да користи поштенски картички со цел да ги проверува идентитетот и местото на живеење на лицата кои сакаат да ја користат нејзината социјална мрежа за реклами поврзани со американските конгресни избори.
Интересно во целиот случај е тоа што „Фејсбук“ картичките ќе ги испраќа на традиционален начин преку Американската пошта.
Компанијата се реши на ваквиот потрег откако беше критикувана дека заедно со другите социјални мрежи не реагирале навремено за да ги спречат злоупотребите на нивните платформи за политички цели за време на изборите во САД во 2016 година.
Картичките што ќе бидат испраќани до огласувачите на „Фејсбук“ ќе содржат специјалн код кој ќе треба да се впише при секое објавување на реклама во која се споменува името на некој кандидат за федерална функција.
Компанијата не процизираше кога ќе започна оваа „операција“, но нагласи дека тоа ќе се случи пред изборите за Конгресот во ноември годинава.
МИА