Внатрешен извештај покажал дека се направила значајна штета поради „сивата зона“ за дезинформациите за вакцинација.
„Фејсбук“ пронајде 111 профили кои се одговорни за поголемиот дел од антиваксерската содржина што може да се прочита на социјалната мрежа.
Ваквиот пронајдок следи откако се извршило внатрешно истражување за дезинформации за вакцините.
Иако дезинформациите за вакцините се веќе блокирани, илјадници објави биле опишани како „сива зона“ одстрана на модераторите и алгоритмите.
Пронајдените 111 профили кои создавале и објавувале антиваксерски содржини не биле наброени во извештајот, но биле пронајдени откако „Фејсбук“ направил класификација на групите во кои масовно била споделувана антиваксерска содржина.
„Фејсбук“ не идентификувал кои од корисниците биле во групите, но се смета дека бројката стигнува со 3 милиони.
Околу 10 различни групи содржеле 50 отсто од антиваксерската содржина на „Фејсбук“.
Сè уште не е јасно дали „Фејсбук“ поткренал истрага или ги блокирал профилите кои ја ширеле лажната содржина, иако пронајдена е и поврзаност со „КуАнон“ теориите на заговор.
„Можно е „КуАнон“ да не е директно поврзан со лажните содржини“, истакнале истражувачите од „Фејсбук“.
Истражувачите се загрижени дека антиваксерската содржина може да биде штетна за одредени групи на луѓе, иако таа директно не ги прекршува правилата за користење на „Фејсбук“.
Извор: Independent