Фејсбук сака да ги издвои „кромид“ вестите од останатите новости

Фејсбук тестира нова можност за препознавање на лажните, сатирични вести од сајтови како „The Onion“. Целта е да се овозможи да биде вметната назнаката „сатира“ во новостите што се појавуваат на почетната страна на корисникот, а кои се однесуваат на измислени вести, потврдуваат од мрежата за Mashable.

Фејсбук нуди над 50 опции за род

„Правиме мал тест кој го покажува  текстот „[Сатира]“ пред линковите со сатични вести и вестите поврзани со нив кои се појавуваат во новостите. Ова е поради тоа што примаме многу реакции на луѓе кои сакаат поедноставно да ги разграничуваат сатиричните вести од останатите“, појаснува претставникот на Фејсбук за Mashable.

Во сликата подолу, се покажува како би изгледало означувањето на сатиричните вести во новостите на Фејсбук, каде зборот „[Satire]” е сместен во голема заграда.

satire

Очекувањата се дека на овој начин ќе се спречи читателите да бидат „излажани“ од текстовите со кромид вести кога ќе се најдат помеѓу најважните вести на Фејсбук.