„Feminist Book Club“ ќе го прослави својот прв роденден со размена на книги на 24 септември, во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“.
„После 14 средби, 14 наслови и 13 модератори, премногу прекрасни луѓе и бесценета забава, Feminist Book Club ве поканува да го прославиме не само ова, туку и феминистичката литерура!“, најавуваат оттаму.
Така, во склоп на роденденот е планирана размена на книги со неколку правила. Ќе биде определена маса на која може да се остават книгите, но колку книги ќе донесете, толку ќе може и да земете. Нема ограничување на тоа каква литература може да се размени, а настанот се организира по најновите КОВИД-19 мерки.