„Фендер“ нуди бесплатен тримесечен курс за свирење гитара

„Фендер“ е уште една компанија која се понуди да помогне за време на глобалната пандемија. Компанијата за изработка на гитари нуди бесплатни часови по гитара во период од три месеци.

Првите 100,000 нови претплатници на платформата „Фендер плеј“ ќе ги добијат часовите бесплатно. Сервисот нуди видеа за изучување на гитара, бас гитара и укулеле.

„Сите ќе го поминуваме времето во нашите домови, па ајде да создадеме врева“, истакнала компанијата во соопштение.

„Фендер“ не е единствената компанија која им понуди на луѓето бесплатни музички алатки за време на изолацијата. Во овој период, бесплатни апликации за изучување синтисајзер понудија и компаниите „Муг“ и „Корг“.

Приклучете се на платформата за да се приклучите на бесплатниот курс.

 

Извор: Dazed&Confused