Воената драма „1917“ на режисерот Сем Мендез доби награда за најдобра драма на доделувањето на „Златните глобуси“, кои се сметаат за предвесници на „Оскарите“.
На Мендез му беше врачена награда и за најдобар режисер, додека „Златен глобус“ за најдобра машка улога во драма отиде кај Жоакин Феникс за портретирањето на главниот лик во еден од најозборуваните филмови за изминатата година – „Џокер“.
Феникс ги победи Адам Драјвер и Кристијан Бејл, а својот говор го посвети на климатските промени. „Џокер“ доби „Златен глобус“ и за музиката на исландската композиторка Хилдур Гуднадотир.
Црната комедија „Паразит“ на Бонг Џун Хо, кој во 2019 беше на врвот на листите на критичарите од светот, е избран за најдобар странски филм.
Рене Зелвегер е најдобра женска актерка во драма за „Џуди“, a Авквафина за женска улога во комедија или мјузикл за „The Farewell“.
Квентин Тарантино доби „Златен глобус“ за сценариото на „Беше еднаш во Холивуд“. Споредната женска и машка улога во драма отидоа кај Лора Дерн и Бред Бит.
Серијата „Succession“ зема две награди, како и „Chernobil“ и „Fleabeag“.
Расел Кроу беше добитник на „Златен глобус“ за улога во кратката ТВ серија „The Loudest Voice“, но не дојде на свеченоста, бидејќи тој е во родната Австралија да помага против пожарите. Повеќе говори беа токму резервирани за Австралија и климатските промени.
Целата листа на победници може да се види ТУКА.