По повод одбележувањето на 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, денеска (недела, 1 декемри) од 18 часот ќе се одржи настан посветен на студентите со попреченост.
Настанот наречен „Фер муабет” е во организација на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет, а ќе се случува во националната канцеларија на Претседателот „МладиХаб“, каде еден од говорите ќе биде токму на Стево Пендаровски.
Во рамки на „Фер муабет“ ќе биде промовирано и списанието на студентите на Филозофскиот факултет на Брајово писмо „Внатрешен патник“ и ќе бидат доделени награди од Фондацијата „Проф. д-р Љупчо Ајдински“.