Од 1 до 13 септември по вторпат се одржува Фестивалот за „Џез, ворлд и современа музика“ во организација на „Арт Генератор“.
Организаторите најавуваат дека второто издание станува интернационално. Ќе настапуваат групи од Хрватска, Грција, со гости од Германија, Австралија и Македонија.
„Со организирање на овој фестивал, имаме за цел да придонесеме децентрализација и деметрополизација на културата и уметноста и пласман на квалитетни содржини и затоа сметаме дека овој фестивал е од исклучителна важност за Велес“, велат организаторите.
Првата вечер на (01.09. 2023 год.) е предвидена за Jazz музика, настапуваат “Reel Problems” од Хрватска на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот – Велес, со почеток во 20:00 часот.
По завршувањето на концертот, на паркингот на театар Џинот – Велес ќе настапи Бојан Чакра со DJ Vinyl set кој ќе биде пропратен со видео мапинг на Борче Конзулов.
Втората вечер (02.09. 2023 год) е посветена на современата музика, настапуваат “КЕМ” и “Пијан Славеј” на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот – Велес, со почеток во 20:00 часот.
По завршувањето на концертите, на паркингот на театар Ј.Х.К Џинот – Велес ќе настапи Андреја Салпе со DJ set, кој ќе биде пропратен со видео мапинг на Борче Конзулов.
Третата вечер (03.09. 2023 год) е посветена на 80 годишнина од смртта на великанот на Велес, Коста Солев Рацин. Ќе има концерт на Dine Doneff: “Dine Doneff Nered music Trilogie” од Грција во три етапи. Првиот дел ќе се одржи во спомен Костурницата во Велес, со почеток 18:00 часот. Следните две етапи се на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот – Велес, со почеток во 20:00 часот. По завршувањето на концертот, на паркингот на театар Џинот – Велес ќе настапат: “Aspirin Moon” музичко дуо со слем поетри, кои ќе бидат пропратени со визуелен перформанс на театар “Сенки и Облаци”.
Четвртата вечер (06.09.2023 год) е резервирана за отворање на изложба на Фотини Потамиа и концерт на Бојан Петков – Шамба во Europe House Велес.
(13.09.2023 год.) Затворање на изложбата и концерт на Dine Doneff и Јордан Костов во Europe House Велес.
За целокупниот графички дизајн на фестивалот и оваа година се погрижи уметникот Филип Коруновски.
Фестивалот е основан и финансиран од Општина Велес.