Идната недела, од 27-30 август во Виница ќе се одржи четвртото издание на фестивалот „Слободна зона“ под мотото „Ослободи зона – креирај“, чија идеја е да се победи летаргијата и пасивноста на помалите места како Виница.
Театарска работилница, танцово-театарски перформанс, проекции на филмови и дебати и звучни имиња од македонската и хрватската алтернативна музичка сцена ќе бидат дел од виничкиот фестивал.
„Слободна зона“ е фестивал, но не е само тоа. Интенцијата е да се создаде автентнично движење кое ќе акумулира нови енергии, ќе презентира поинаков дискусрс од оној на паланката, сублимиран во изразот „сеир“, истакнуваат организаторите.
Во текот на фестивалските денови Виница ќе биде исцртана со графити од тројца креативци од градот, а ќе настапат звучни Green Fuzz, Да Џака Накот, Foolish Green, Vlasta Popic, Conqueriing Lion, Скандал, а свој придонес ќе дадат и диџеите Роботек, Марсо, Мирко Попов и Diaz Kortez.