Ако сакаат да добијат лиценца за работа, организаторите на фестивали во Амстердам ќе бидат условени за посетителите да обезбедат бесплатна вода за пиење. Градскиот совет на Амстердам ја донесе оваа одлика по бројните поплаки на посетителите поради строгите безбедносни мерки за внесување вода на фестивалите во градот.
Одлуката на градскиот совет значи дека неограничено количество вода за пиење мора да биде обезбедена за посетителите, а стапува во сила на крајот на 2014 година.
Коментирајќи ја новата одредба, членот на Советот Даниел Ван дер Ре изјави:
„Станува збор за посетителите на фестивали на ограничен простор кои се изложени на голем напор и на топлото сонце“.
„Оваа група на луѓе треба оптимално да се заштити од опасноста од дехидратација или замор и мора да има неограничен пристап до бесплатна вода за пиење.”
Извор: Мixmag