Со селекција од својата програма, ЕХО фестивалот на планински филм продолжува да се дружи со вљубениците во планините и планинските спортови во неколку градови низ Македонија. Па така, наредно патување и дружба на 25 април е во Штип во Домот на млади, каде ќе има програма од 19 часот.
„Продолжуваме со Штип, каде што гостуваме повторно, со избор на филмови од последното 14то издание на ЕХО, а ќе ја претставиме и новата книга која ја објавивме: ‘Пат’ на Нејц Заплотник“, информираат од фестивалот.
Гостувањето е во соработка со Aлпинистичкиот клуб Астрајон, Спортско качувачкиот клуб Астибо и здружението МТБ ШТИП.
„Покрај филмската програма членови на овие здруженија ќе претстават дел од своите интересни активности“, дополнуваат од фестивалот.
Целосната програма во прилог:
БЛОК 1
19:00 Кратко претставување на ЕХО и најновата книга, „Пат“ од Нејц Заплотник
19:15 Презентација на Спортско качувачкиот клуб Астибо: Олимписка тренинг програма – Матеј Марков.
19:30 Презентација на МТБ Штип: „Планинскиот велосипедизам во штипско, визија и активности на здружението“
19:45 „Во замрзнувач: Диретисимата Вокер“, Јаник Боисено, Франција
кратка пауза 10 минути
БЛОК 2
20:30 Одмор на Бафин“, Сара Мекнер-Лендри/Ерик Бумер, Канада
20:43 „Момците на мостот“, Ник Розен/Питер Мортимер, САД
21:11 Поврзување на летови“, Николас Бриксл, Германија
21:30 „ Едланже – слобода на врвот на прстите”, Нилс Мартин, Франција