Вечерва се одржува третото издание на Фјужн Фестивал (Fusion Festival part 3). Со почеток во 20 часот од СЦ „Борис Трајковски“ ќе се слушнат македонските диџеи Ампов, WISH.CO и Зоки Бејбе.
Фестивалот ќе може да се проследи на Youtube и Twitch каналите на фестивалот, како и на официјална Facebook страница.
„Во услови кога целиот свет е во „карантин” и љубителите на добрата музика се приморани да седат дома и да ги почитуваат препораките на стручните лица, Fusion Festival и Спектаклум ви носат уште една незаборавна вечер, која во конкретните услови е од голема важност за публиката, но и еден вид помош за македонските артисти“, стои во најавата за настанот.
Организаторите велат дека фестивалот ќе биде продуциран и организиран како во салата да има публика, за сите оние што ќе го проследат да имаат чуство дека се присутни на самото место.