“Филмај 2023“, фестивалот на краток филм – Куманово, ќе се одржи на 30 и 31 мај (вторник и среда), во Занаетчиски дом – Куманово. Двете вечери на петтото издание на фестивалот ќе бидат со почеток во 20 часот, а влезот ќе е бесплатен за сите посетители.
На фестивалот ќе бидат прикажани 16 филма.
Наградени филмови се новозеландскиот `Дацун` режиран од Марк Албистон, српскиот `Ѕвер` со Јуриј Искаков како директор на фотографија, ‘Сеќавање на брза бура’ (Грција) по сценарио на Софија Георговасили, заедно со најдобриот домашен филм `Проблемот на Тина`, и `Помеѓу зборовите` од Луксембург како најдобар краток филм .
Официјално селектирани филмови кои ќе бидат прикажани се: хрватскиот ‘Железна уста’, ‘Досие’ (Иран), ‘Цреши’ и ‘Техно, мама’ од Литванија, мексиканскиот ‘Онан’, ‘Никој’ (Португалија), ’40 минути’ и ‘Ден за капење’ од Русија, швајцарско-францускиот ‘Ферплеј’, и шпанските ‘Клаудија’ и ‘Хелено’.
Стручното жири на овогодишниот ФИЛМАЈ беше составено од три члена: Симона Димковска (актерка), Борна Зидариќ (сценарист и режисер) и Мартин Давитковски (член на фото-кино клуб „Козјак“).
Повеќе информации и детали може да се следат на Фејсбук страна на фестивалот