Кинеската провинција Хеилонгџианг не е омилена дестинација на туристите, но во зима, целиот регион пречекува милиони посетители од целиот свет. Градот Харбин е домаќин на еден од најголемите зимски фестивали на скулптури од мраз и снег.
Годинава се одржува 35-то издание на фестивалот, кој започна на 5 јануари, а ќе трае до крајот на февруари.
Посетителите може да посетат четири тематски паркови со илјадници скулптури.
Фестивалот вклучува и натпревар за правење скулптури од мраз, на кој годинава учествуваат учесници од 34 земји.
Во еден од тематските паркови, посетителите може да се фотографираат со 2019 снешковци.
За време на фестивалот постои традиција да се одржува масовна групна венчавка.