Најголемиот музички фестивал во Косово, „Sunny Hill“ повторно се враќа на старата локација во Приштина. Оваа вест доаѓа откако организаторите упатија „закана“ дека ќе го префрлат во Албанија поради спорот што настана во Косово околу локацијата.
Всушност стана збор за преместување на локација бидејќи косовската влада одбила да даде 17 хектари од селото Бернице е Поштме под закуп на организаторите и поради тоа беше одлучено фестивалот да се одржи во главниот град на Албанија на почетокот на август. Сепак сега престижниот фестивал ќе се одржи во „родниот“ град, Приштина каде и за прв пат беше одржан во 2018 година.
„Во духот на одличната културна соработка меѓу Косово и Албанија, на крајот на август ќе се одржи уште едно специјално издание со посебна музичка постава“, пренесува „Balkan Insight“
„Sunny Hill“ беше основан од Дуа Липа и нејзиниот таткo Дукаѓин Липа во 2018 година и тогаш и во 2019 фестивалот се одржа во паркот „Гермиа“ во Приштина. Липа бара од косовските власи да го финализираат процесот за издавање за земјиштето, за фестивалот да може да се врати на првичната локација во 2023 година.