Фестивалот на свежа, домашна и независна музика – „Земјотрес“, преку социјалната мрежа Фејсбук потврди дека своето јубилејно, десетто издание ќе го одржи на 19 февруари во Младинскиот културен центар.
„Музичката младина и нејзиниот глас: Земјотрес! 10-ти пат помеѓу МЛАДИТЕ. Три музички подиуми. Повеќе од 20 артисти. Инди рок, Трап, Техно, Џез, Метал… ќе има све! Земјотрес и како: Општествена непогода. Неизлечива борба за опстанок. Серум за вистина. Воља за ЖИВОТ. Земјотрес како ЗАЕДНО“, се вели во најавата за настанот.
За 10-ката на „Земјотрес“ се најавени: 350teric, Andreja Salpe B2B Galatheia, Avelina, Basement Cult, Corrosion, Cruel, Cut Your Nipple, Demency, Kanton6, Lufthansa, Mamut, Marija Kaeva, Marko Rikaloski, Mihajlo Dojchinoski, Mirko Popov Quartet, Room 313, S.A.M, Sexy Marsa & Friends, Shirshaja, Taxi Consilium, Xajka.
Распоредот на настапи треба да биде објавен наскоро.
Повеќе за влезниците и останатото инфо ТУКА.