EA Sports ја објави мобилната верзија на најновата FIFA 14 која може да се преземе бесплатно за iOS и Android. Оригиналната игра за PlayStation, Xbox и десктоп ќе биде достапна од 27 септември во Европа.
Бесплатната мобилна верзија не значи дека EA заборави на профитот од најновото издание на една од најпопуларните спортски франшизи. Во апликацијата има микротрансакции кои отклучуваат различни модови како Mаnager, беџови и играчи, но сепак има доволно бесплатни работи како Ultimate Team за градење на тимот од соништата и играње натпревари со пријателите.
Се разбира, мобилната верзија е далеку посиромашна од оригиналната верзија за конзолите и десктоп компјутерите, но сепак има доста добар енџин и доволно контроли за одлични натпревари. Touch Flow Controls на допир се дизајнирани за да може да шутирате со лизгање на прстите и да ги влечете играчите на терен, но, тие се малку тешки за совладување, па ако сте навикнале на старите контроли ќе може да се префрлите на нив. Мобилната FIFA 14 тежи 1 GB, но доколку сакате коментатор ќе треба да симнете дополнителен аудио фајл, кој тежи уште неколку мегабајти.
Извор: IT.com.mk