Здравствените власти во Филипини велат дека 33-годишен машки пациент од Манила доживеал треска пред да развие „различен“ осип на кожата, со што пријавија нов случај на вирусот мпокс или мајмунска сипаница, прв во земјата од декември. Тие, исто така, соопштија дека филипинецот нема историја на патување во странство, пренесува Ал Џазира.
„Вирусот мпокс е меѓу нас. Ова е предупредување за сите. Тој не патувал (во странство), што значи дека вирусот е веќе овде на Филипините“, рече секретарот за здравство Теди Хербоса, истакнувајќи дека девет случаи на вирус биле откриени и во 2023 година.
Официјалните лица сѐ уште ги чекаат резултатите за да откријат за каков вид на вирусот се работи. Новата форма на вирусот предизвика глобална загриженост бидејќи се чини дека лесно се шири преку рутински близок контакт.
Инаку, Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална здравствена криза на 14 агуст откако нова варијанта на вирусот се распространи во повеќе од 13 африкански земји. Додека пак, на 16 август беше регистриран првиот случај на вирусната инфекција во Шведска.