Проектот за долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ влезе во официјалната селекција на проекти кои ќе бидат презентирани на 13-от копродукциски форум „Софија Митингс“ во март во Бугарија.
Филмот ја раскажува приказната за Јон Вардар, млад неталентиран актер кој е киднапиран од самобендисан робот со наполеонов комплекс по име Зарк. Судбината на целата галаксија е во рацете на овие два антихеројски лика. Нивната авантура е исполнета со многу смешни ситуации кои ќе и се допаднат и на помладата публика, но и на сите љубители на научната фантастика.
Сценариото и режијата се на Гоце Цветановски, а арт дирекцијата е на Михајло Димитриевски – Тхе Мичо. Филмот е во продукција на „Линкс Студио“.