Филмот „Лајла М“ вечерва го отвора фестивалот „Movies that Мatter” посветен на човековите права

Со проекција на филмот ,,Layla M.’’, на режисерката Mijke de Jong“, вечерва започнува фестивалот „Movies that Мatter”, во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права и Амбасадата на Кралството Холандија.

Фестивалот годинава ќе понуди низа проекции, а се организира по повод Меѓународниот ден на човековите права, 10-ти декември.

Денешната проекција ќе започне во 19 часот, во социјалниот клуб Комитет (катна гаража Беко).

Филмот ја раскажува приказната на Лејла, млада холанѓанка со мароканско потекло, која се соочува со исламофобија додека живее во Амстердам и се мажи за млад човек кого го запознава на интернет.

Филмот е со превод на македонски јазик.