Филмот „Мал дисконтинуитет во времепросторот” на режисерот Гоце Цветановски, кој пред десетина дена беше награден во Белград, повторно доби награда за најдобар регионален краток филм на 12-от фестивал „Филмски фронт“ во Нови Сад.
„Приказната за фотографот кој има невидлив посетител во станот ја одушеви српската публика и жирито, а актерскиот тандем Висар Вишка – Драгана Левенска беше спореден со легендарните Марчело Мастројани и Софија Лорен. Филмот викендов учествуваше и на Меѓународниот филмски фестивал во Хоф, Германија, а во ноември ќе биде прикажан во Тирана и во Њујорк#, соопшти продукцијата.
Филмот е независна копродукција меѓу шест филмски компании од Македонија.