Победникот за најдобар филм од странско јазично подрачје на овогодинешните филмски награди „Golden Globes“, кој режисерот Бонг Џун Хо го опиша како семејна трагикомедија, ќе биде адаптиран во краток серијал на англиски јазик.
Режисерот на „Окја“, Хо, ќе соработува со Адам Меккеј, чии популарни филмови „The big short“ и „Vice“ добија многу номинации за филмски награди, а неговата серија „Succession“ доби „Golden Globe“ за најдобра драма серија.
„Паразит“ е општествена сатира која зборува за семејство од работничката класа кое преку измама се издржува од едно богато семејство, за жал со смртни последици.
Сѐ уште не се објавени подетални информации околу серијалот; во моментов се водат разговори со ХБО што по жестока битка против Нетфликс ги доби правата на филмот.
Извор: DazedDigital