Во петок (16 декември) од 20 часот во Кинотеката на Северна Македонија ќе биде прикажан филмот „Човек од мермер“ на полскиот режисер Анджеј Вајда.
На овој начин ќе биде означен почеток на филмската недела посветена на овој култен режисер во Кинотеката која ќе трае до 22 декември.
„Шесте наслови од филмската недела посветена на Анджеј Вајда, хронолошки ги опфаќаат неговите рани (црно-бели) трудови: „Канал“ (Kanal) од 1957 година, „Пепел и дијаманти“ (Popiól i diament / The Ashes and Diamonds) од 1958, „Невини волшебници“ (Niewinni czarodzieje / Innocent Sorceres) од 1960, „Пепелта“ (Popioly / The Ashes) од 1965 година (епска сага за полските легии во Наполеоновите војски од почетокот на 19-ти век), и двата иконични наслови од зрелото доба на авторот: „Човек од мермер“ (Czlowiek z marmuru / Man of Marble) од 1977 и „Човек од железо“ (Czlowiek z zelaza / Man of Iron) од 1981“, најавуваат од Кинотеката.
Потписот на Вајда стои на шпиците на повеќе од 50 филмски и телевизиски проекти во Полска и интернационална продукција, има освоено 60 награди на најпрестижните филмски фестивали во светот и речиси уште толку номинации.
Повеќе информации и целосната програма можете да ја најдете на следниов ЛИНК.