Во недела (2 јуни) во дворот на Младински образовен форум ќе се одржи филмската проекција на филмот „The Pirate Bay – Away From Keyboard“. Почетокот е закажан во 20 часот, под отворено небо.
Филмот раскажува за судењето на тројцата хакери, основачи на сајтот The Pirate Bay обвинети за кршење на авторските права. Ден пред да започне судењето, Фредрик го пакува компјутерот во неговoto ‘рѓосанo старo Волво и заедно со неговиот коосновач на „Pirate Bay“ се соочуваат со случај од 13 милиони долари оштета од Холивуд. Кога хакерот Готфрид, интернет активистот Петер и „бубалицата“ Фредрик се прогласени за виновни, тие влегуваат во реалниот свет кој е присутен подалеку од тастатурата.
Земете си грицки и пијалок и се гледаме пред големиот екран!